Елон Маск - на ред се електрични авиони!?

Објавено на 18.10.2015 во Новости



Елон Маск - на ред се електрични авиони!?

Елон Маск е прогласен за човек со две лица пред јавноста - едни го осудуваат оти мислат дека се бори само за профит, а други го обожаваат поради причината дека се обидува да го спаси човештвото. Ние не коментираме и ве оставаме сами да донесете заклучок. Новата идеја на Елон е развој на електрични авиони. Експертите коментираат дека после усовршувањето со електричните автомобили, очигледно му станало досадно па така најави дека сака да креира нешто ново - електрични авиони. 

„Да, ми се допаѓа идејата за електрични авиони. Мислам дека би можел да се развие и направи прилично добар суперсоничен авион, кој би имал вертикално слетување и полетување. Значи, во мислите веќе имам концепт и дизајн како авионот би требало да изгледа. И не само тоа, мислам дека во иднина сите превозни средства, возови, бродови и се друго, ќе бидат дизајнирани на електричен погон“, изјавил Елон Маск.

Каков и да е, шефот на Tesla Motors и SpaceX е дефинитивно интелектулец и лидер, кој секогаш сака да биде два чекори пред другите. Факт е дека тој го менува светот, бидејќи неговите електрични автомобили од Tesla Motors и SpaceX програмата под благослов на NASA не може да се занемарат. Како што досега реализираше се што ќе науми, не се сомневаме дека ќе го реализира концептот на електричен авион.