iPhone трик - добијте 3D Touch и Live Photos на стариот смартфон

Објавено на 18.10.2015 во iOs



iPhone трик - добијте 3D Touch и Live Photos на стариот смартфон

Ако имате стар модел на iPhone и не планирате да купите 6S, постои трик за да си овозможите некои од новите функции на стариот телефон, кои имаат поддршка за iOS 9. Се разбира за jailbreak, кој се појави за iOS 9 неделава, а овозможува 3D Touch и Live Photos опции на старите модели на iPhone.

3D Touch бара дисплеј чувствителен на притисок, но постои опција која ќе овозможи идентични опции и за уредите што ја немаат оваа технологија. Наместо кратенките, “peek” и “pop” опциите се активираат со посилно притискање на дисплејот, а со новиот jailbreak тоа се прави со повлекување на прстот кон нагоре. Jailbreak Forcy го овозможува ова на иконките на апликациите, додека UniversalForce ќе го поддржува тоа и внатре во апликациите, а Hapticle ќе додаде и вибрацијата на се што е спомнато.

Од друга страна, опцијата Live Photos е многу подобра, бидејќи за неа нема потреба од никаков дополнителен хардвер. Live Photos е веќе вградена во iOS 9, па Live Photos Enabler прави само мали промени со цел функцијата да работи и кај постарите модели. Со оглед на тоа што станува збор за опции што доаѓаат со jailbreak, не очекувајте совршено функционирање, но дефинитивно ќе ги подобри можностите на постарите iPhone модели. Подобро би било да не експериментирате доколку немате искуство со jailbreak на iPhone.





 
Најнови телефони
 
 


{}