Google тајно ве снима додека пребарувате

Објавено на 19.10.2015 во Новости



Google тајно ве снима додека пребарувате

Google си игра топло ладно со приватноста на корисниците од проста причина што собира огромен број на податоци, а го следи секој ваш чекор, секако со ваша дозвола. Тоа што е малку познато за многумина е дека Google на вашиот смартфон или таблет има опција за снимање на сите гласовни пребарување кои сте ги внесле преку командата OK Google, па дури чува и цела архива од ваши снимки.

За да ги пронајдете одете на history.google.com, потоа најдете го менито Voice & Audio Activity каде ќе ги видите аудио фајловите. Истите може да ги избришете или да ги чувате ако сакате сами да се слушате како звучите. Доколку мислите дека ова е премногу од Google, тогаш едноставно не внесувајте гласовни команди и пребарувајте на стандарден начин.