Windows 10 воведува испраќање СМС преку десктоп

Објавено на 19.10.2015 во Windows



Windows 10 воведува испраќање СМС преку десктоп

Windows 10 ќе им овозможи на корисниците испраќање на пораки преку десктоп компјутер со помош на Cortana или рачно. Десетката ќе овозможи и известувања за тоа кога сте на телефон и имате пропуштен повик и од кој. 

Новата функција би требало да биде достапна за почеток кај телефоните: Lumia 950, Lumia 950 XL и Lumia 550, а сето тоа ќе се одвива преку апликацијата Messaging. Во preview build 10565 верзијата на Windows 10 е овозможено само испраќање пораки на десктоп, без можност за примање, со користењето на софтверот Windows 10 Mobile emulator. За жал, сето ова ќе се одвива само на јазиците што Cortana ги поддржува.