Oppo R7s настапува со 4 GB за само 349 долари

Објавено на 19.10.2015 во Новости



Oppo R7s настапува со 4 GB за само 349 долари

Oppo R7s ќе направи вистински бум во средната класа бидејќи е првиот евтин смартфон со 4 GB RAM кој ќе се продава по цена од само 349 долари. Oppo R7s е одлично склопен уред со голем 5.5 инчен Super AMOLED HD дисплеј, изработен е од квалитетен материјал со тенко тело само 6.95 милиметри, а нуди екстра батерија со капацитет од дури 3070 mAh што е апсолутен рекорд во оваа класа. 

Супер смартфон работи со осум-јадрен Qualcomm Snapdragon 615 процесор, располага со 32 GB меморија и microSD слот, 13 MP главна камера, 8 MP камера за селфи, додека софтверот е составен од оперативниот систем Android 5.1 Lollipop и ColorOS 2.1 интерфејсот. Пласманот во Европа ќе започне во текот на декември.





Прочитајте повеќе: