Apple масовно брише апликации кои шпионираат

Објавено на 20.10.2015 во Новости



Apple масовно брише апликации кои шпионираат

Apple повторно избриша 256 апликации од App Store кои користеле таен софтвер за шпионирање на своите корисници и собирање на нивните лични податоци кои потоа биле доставувани до кинеската онлајн рекламна мрежа Youmi. 

Голем дел од програмерите не биле ни свесни дека нивните апликации содржат SDK софтвер од Youmi, па затоа Apple изјави дека откако ќе го надоместат пропустот ќе може да се вратат во App Store. 

Ова е уште еден масовен проблем кој повторно доаѓа од Кина и покажува дека iPhone платформата станува се поранлива и е речиси подеднакво изложена на напади и софтверски измами како и Android, па затоа мора да се внимава.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: