Google забрани менување на софтверот за батеријата на Android 6.0

Објавено на 20.10.2015 во Новости



Google забрани менување на софтверот за батеријата на Android 6.0

Google на своите партнери кои ќе го користат најновиот оперативен систем Android 6.0 Marshmallow им забрани да ги менуваат основните функции на Doze Mode режимот за заштеда на батеријата кога смартфонот е во мирување. Google наложи Doze Mode да не се менува, што значи во позадина ќе бидат исклучени сите апликации, а ќе проаѓаат само најважните нотификации.

Исклучок може да бидат само неопходните системски апликации кои мора да бидат активни. Doze Mode ќе биде основна алатка за подобра искористеност на батеријата и партнерите на Google може да ја надградат.