ОФицијално HTC One A9 - Најдобриот iPhone 6s клон

Објавено на 20.10.2015 во Новости



ОФицијално HTC One A9 - Најдобриот iPhone 6s клон

HTC официјално го промовираше новиот смартфон HTC One A9 за кој на почетокот имаше голема надеж дека ќе понуди нешто свежо, ново и квалитетно, но всушност е само поевтина верзија на iPhone 6s. Дури и од самата компанија најавија дека HTC One A9 ќе му конкурира на iPhone 6s со перформансите, но како да живеат во свој замислен свет, бидејќи не понудија ништо друго освен познат дизајн и скромни перформанси кои се соодветни за средната, а не за премиум класата.

HTC One A9 има тенко метално тело со многу естетски елементи позајмени од Apple, а главен „новитет“ е примената на физички овално копче под дисплејот каде е вграден и скенерот за отпечатоци. Смартфонот има 5 инчен дисплеј со Full HD резолуција и ја користи најновата верзија на оперативниот систем Android 6.0 Marshmallow.

Хардверски како што споменавме има ограничени перформанси со осум-јадрен Snapdragon 617, 3 GB RAM и 32 GB меморија, како и поскромна верзија со 2 GB RAM и само 16 GB меморија, па затоа слотот за microSD картичка е добро решение. Камерата на задната страна има сензор од 13 мегапиксели со оптички стабилизатор на сликата. HTC One A9 ќе чини околу 400 евра без склучен договор и до декември ќе се најде во масовна проджба.

Автор

Христијан Станоевиќ

Автор: Aleksandar Stankov