Светот конечно го прослави денот од Back to the Future

Објавено на 21.10.2015 во Новости



Светот конечно го прослави денот од Back to the Future

Денес е 21 октомври 2015, односно истиот ден од култниот филм Back to the Future кога со временската машина конечно ќе отпатуваат во иднината. Back to the Future трилогијата во осумдесетите постави неколку фантастични предвидувања за денешница кои навистина се остварија како што се рамните екрани на телевизорите, видео повиците, паметните часовници и многу други електронски гаџети и општествени промени, а каде и да е ќе се активираат и ховербордите и летечките автомобили кои се уште се во тест фаза. 

Затоа денес низ цел свет многумина се потсетуваат на нивното детство или младост со големата забава која ја имаа со Back to the Future во режија на Роберт Земекис, продукција на Стивен Спилберг и со Мајкл Џ. Фокс и Кристофер Лојд во главните улоги како Марти МекФлај и Док.