Google Maps ќе ги открива цените на горивата

Објавено на 21.10.2015 во Новости



Google Maps ќе ги открива цените на горивата

Google Maps доби нова надградба со која на возачите ќе им ги открива цените на горивата не бензиските пумпи со тоа што ќе може да испланирате колку гориво да ставите и за колку пари. Оваа опција е воведена за корисниците во САД и наскоро треба да пристигне и во Европа.

Бенефит од новитетите на Google Maps ќе има и за тие што возат во непознат предел па, на мапата ќе им биде прикажано на кои локации се наоѓаат бензиските пумпи. Исто така во менито ќе имате преглед и на продавници и ресторани.