Nokia има сериозни намери - го купува Alcatel-Lucent

Објавено на 21.10.2015 во Новости



Nokia има сериозни намери - го купува Alcatel-Lucent

Nokia ги завршил договорите за купување на Alcatel-Lucent - познат француско-американски производител на телекомуникациска опрема. Taа дозвола беше уште една, која се очекуваше за да може да почне со реализација на договорот.

Финската компанија сега очекува и официјално одобрување на француското Министерство за економија, по што договорот со акционерите гласи понудата да изнесува 15,6 милијарди евра. Nokia би требало да финишира со купувањето до јуни 2016 година и со тоа ќе започне нова и светла иднина на мобилната компанија. Се радуваме што финскиот гигант не се откажува од пазарот и веруваме дека ќе продолжи со телефоните што се одликуваат со оригинален дизајн и одлични перформанси.

После загубата со Microsoft, пионерот за мобилна телефонија сепак продолжува со истиот бизнис. Купувањето на Alcatel-Lucent дефинитивно не уверува дека Nokia има сериозни намери.

Автор: Aleksandar Stankov