Facebook призна дека ја цедат батеријата на iPhone, ќе има надградба
Објавено на 23.10.2015 во iOs
Facebook очигледно ги послуша жалбите на корисниците на мобилната апликации за iOS бидејќи батеријата на нивниот iPhone премногу брзо се трошеше. Грешката е откриена во повеќе системи на апликацијата кои ја цедат батеријата на смартфонот.
Ари Грант инженер менаџер на Facebook ги посочи проблемите со активирање на процесорот, како и со звукот кога корисниците ќе гледаат видеа и потоа ќе ја остават апликацијата со што тонот се пушта во позадина без звук, но ја троши батеријата.
Решение треба да има во новата верзија на мобилната апликација за iOs која денес е пуштена од Facebook, но во листата на промени не се наведени сите системи, па затоа целосното подобрување го очекуваме наскоро.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.