Google Play Store ќе дава одобрение преку скенер за отпечатоци

Објавено на 23.10.2015 во Новости



Google Play Store ќе дава одобрение преку скенер за отпечатоци

Google Play Store добива нов принцип на одобрување на трансакциите при превземање на игри, апликации и мултимедијални содржини со скенерот за отпечатоци на смартфонот. Оваа опција е воведена само за смартфоните кои ќе работат со оперативниот систем Android 6.0 Marshmallow каде се воведени сите безбедносни сертификати.

Тоа значи дека само вие ќе може да вршите плаќања и нема да дојде до злоупотреби или пример ненамерно трошење на пари за игри на вашите мали деца.