Сега излегува дека Apple го копира HTC?!

Објавено на 24.10.2015 во Новости



Сега излегува дека Apple го копира HTC?!

Уште од моментот на лансирањето на HTC One A9, тајванската компанија е постојана мета на обвинувања - нивниот нов модел личи 99% на iPhone 6. HTC сепак ги негира тврдењата на јавноста и Apple и вели дека не копира никој.

Компанијата што креирала мобилен телефон што изгледа како iPhone 6, се брани со аргументите дека новиот модел е всушност еволуција од претходните два модела One M8 и One M9. Врв на одбраната е дека Apple ја преземале идејата за метално куќиште со оригиналните линии на HTC од задната страна.

„Ние не копираме. Креиравме уникатен метален смартфон уште во 2013 година. Apple ги копира нашите уреди, особено антената со линиите од задниата страна. A9 e потенок и полесен од нашите претходни метални смартфони. Тоа е промена и еволуција, а ние не копираме никого“, напаѓа претседателот на HTC, Џек Тонг.

HTC ја префрла топката кај Apple, но факт е дека Apple многу понапред од нив го лансираше својот модел и обвинувањата немаат смисла. Како вели старата поговорка: „нападот е најдобра одбрана“. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: