Tesla Model S - автопилотот спречи несреќа!

Објавено на 30.10.2015 во Новости



Tesla Model S - автопилотот спречи несреќа!

Џон Хал е возач на Uber и вози Teslа автомобил. Возачот во Сиетл го оставил својот патник и на автопатот го активирал автопилотот.

Било дождливо и многу мрачно кога пред него налетал возачот од спротивната насока и му го пресекол патот. 

„Не можев да стигнам ниту да ја употребам сопирачката, кога автомобилот веќе застана. Не ја допрев сопирачката. Автомобилот ја заврши целата работа“, напишал Хал на Reddit. 

Ваквите ситуации се тешки за возачот да ги одбегне, затоа што мора веднаш да реагира и да ја стави ногата на сопирачката за да застане. Погледнете го видеото:

Tesla Model S се движел со брзина од над 100км/ч, а благодарение на препознавањето на потенцијалната несреќа од страна на сензорот на автопилотот, веднаш автомобилот закочил.