Chrome OS ќе се спои со многу сервиси на Android
Објавено на 30.10.2015 во Новости
Google планира дополнително да го развие оперативниот систем Chrome OS кој би добил поголема функционалност за десктоп уредите со тоа што ќе добие многу функции од Android како што е целосен пристап до игрите, апликациите и содржините во Play Store.
Хироши Локхајмер новиот директор на Android под чија надлежност спаѓа и развојот на Chromе OS изјави дека се целосно посветени на оваа платформа и истата ќе се надградува во наредниот период, но се уште е рано за целосно спојување со Android како што многумина предвидоа.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.