Tor Messenger ќе нуди најбезбедна комуникација

Објавено на 30.10.2015 во Новости



Tor Messenger ќе нуди најбезбедна комуникација

Tor, познатиот сервис за заштитен пренос на податоци и посета на интернет ќе понуди сопствена Messenger за која тврди дека ќе биде најбезбедна за користиење чија комуникација не може да биде пробиена од хакери или пак од владините служби за прислушкување.

Целиот сообраќај за пораките ќе се одвива преку прокси серверите на Tor, ја крие локацијата на корисникот, има подршка за повеќе сервиси на Chat, а е базирана на Instantbird IM. Tor Messenger е во развој и се уште е во бета фаза.