Атрактивниот Huawei Mate 8 ќе се лансира на 26 ноември

Објавено на 03.11.2015 во Новости



Атрактивниот Huawei Mate 8 ќе се лансира на 26 ноември

Долгоочекуваниот Mate 8 на компанијата Huawei е конечно закажан за претставување на 26 ноември. Телефонот доаѓа со моќни перформанси и стилизиран дизајн, кој ќе им конкурира на премиум моделите. 

Пред да биде официјално лансиран, Huawei прво ќе го претстави процесорот на 5 ноември. Процесорот е конструиран со 8 јадра, од кои четири ќе работат на фреквенција со 2,4 Ghz и Cortex A72, а другите 4 штедливи јадра ќе бидат со Cortex A57.

Huawei Mate 8 ќе има графичка картичка Mali-T880, што би требало да го издигне кај Android конкурентите, понатаму се одликува со 3GB RAM меморија, 32GB простор за складирање на податоци, во пакетот со основниот модел, или 4GB RAM меморија со 64GB внатрешна меморија во поскапиот модел. 

Дисплејот е голем - 6 инчи, со резолуција од 2560х1440 пиксели, задна камера од 13MP и предна од 8MP. Доколку меморијата за податоци не ве задоволува, ќе можете да ја надополните со microSD картичка. Се уште не е потврдено колкава ќе биде цената, но според шпекулациите, ќе изнесува 520 долари за основниот и 610 долари за поскапиот модел. Ова ќе биде најмоќниот телефон на компанијата досега, како ви се чинат перформансите и цената?

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: