Meizu Pro 5 - моќна машина со ниска цена

Објавено на 04.11.2015 во Новости



Meizu Pro 5 - моќна машина со ниска цена

Pro 5 го конструираше компанијата Meizu со цел да создаде flagship модел во Pro класата, кој би можел да се спореди со Galaxy S6, само што е негова поевтина верзија. Телефонот на Samsung е значително поскап во споредба со професионалецов, односно за 300 долари, а под хауба се речиси исти. 

Телефонот на рабовите има линија како iPhone-ите, а и задната сива плоча изгледа многу слично како нив, исто така. Meizu Pro 5 има супер тенко тело произведено од метал и со црна боја од предната страна. Одоздола има физичко Home копче со вграден сензор за отпечатоци на прсти, така што ви овозможува полесно отклучување и генерално го подобрува искуството. Pro 5 се одликува со голем Super AMOLED 2.5D (овозможува подобар ефект при давањето на командите на интерфејсот) Full HD дисплеј од 5.7 инчи, со 1920 x 1080 пиксели и заштита на екранот со Corning Gorilla Glass 3. 

Meizu Pro 5 под хауба се одликува со моќниот Exynos 7420 Octa Core 4 x A57 процесор со фреквенција од 2.1GHz + 4 x A53 со 1.5GHz, графичка картичка Mali-T760, 3GB RAM меморија, 32GB меморија за складирање на податоци, која може да ја зголемите и со плус 128GB со мемориска картичка.


 
Неговата задна камера со сензор од Sony изнесува 21.16 мегапиксели со отвор со широчина од f/2.2, додека предната камера е солидна - 5.0 мегапиксели со отвор f/2.0. Во прилог на апликацијата за камера имате прилично добри алатки за изменување и разубавување на фотографиите. Цифрите кажуваат сами за себе колку добра е камерата, која одлично фокусира и прави квалитетни слики. 

Meizu Pro 5 содржи повеќе сензори: Сензор за близина, Сензор за гравитација, Инфраред сензор, Жироскоп, Амбиентален сензор за светлина, Електронски компас, а од алатките за поврзување: Bluetooth: 4.1, GPS, A-GPS, GLONASS, BDS, 4G интернет. Може да ставите две СИМ картички, од кои едната може да биде Нано СИМ картичка, или пак TF картичка од 128GB меморија.

Оперативниот систем на овој модел е Android 5.1, што можеби нема да ви се допадне со оглед на тоа што не е најновиот софтвер, а корисничкиот интерфејс е Flyme 4.5, кој е одлично оптимизиран и приспособен за потребите на корисниците.

Фаблетот има побрз USB Type C-конектор, батерија со капацитет од 3050mAh и mCharge 2.0 технологија за брзо полнење, што значи дека ви излегува во пресрет кога немате многу време и ви треба брзо полнење за излегување. За 30 минути батеријата се полни дури до 65%, со тоа што Meizu Pro 5 поседува и технологија за домаќинско трошење на батеријата, без разлика што се полни многу брзо. Со едно полнење батеријата може да ви овозможи 48 часа слушање музика, гледање на видеа од 720 пиксели во рок од 18 часа или сурфање на 4G интернет 7 часа.

Ако сакате моќна машина за евтина цена, тогаш ова е тоа за вас. Фаблетот Meizu Pro 5 ќе ве чини 489 долари и можете да го нарачате на овој линк.