Dead Effect 2 - Игра која ќе ве извади од памет

Објавено на 04.11.2015 во Игри



Dead Effect 2 - Игра која ќе ве извади од памет

Dead Effect 2 е дефинитивно една од најквалитетните игри за смартфон кои сме ги виделе во последно време бидејќи може да се пофали со графика и визуелни елементи слично како кај гејмерските конзоли, а и самата понуда на акција во прво лице со хорор сценарија дава одлично ветување за многу забава, но и страшни моменти.

Dead Effect 2 ве носи во футуристички пост-апокалиптечен свет во изолирана вселенска станица каде ќе треба да се справите со илјадници чудовишта, зомбија и страшила, а освен сингл плеер преку онлајн модовите може да ги одмерите силите и со останатите гејмери. 

Dead Effect 2 може да се превземе за Android и iOs, но ќе ви треба понов и помоќен смартфон за да ја „возите“ без проблеми.