Sony Xperia Z5 пристигна во Македонија со Џејмс Бонд

Објавено на 04.11.2015 во Новости



Sony Xperia Z5 пристигна во Македонија со Џејмс Бонд

Sony на претпремиерата на новиот Џејмс Бонд: Спектра го промовираше новиот премиум смартфон Sony Xperia Z5, заедно со ултра тенкиот 4K HD Bravia телевизор и дигиталниот апарат RX100 IV кои исто така се појавуваат во филмот со тајниот агент. 

Sony Xperia Z5 е еден од најмодерните смартфони со вграден скенер за отпечатоци на десната страна каде многу поприродно доаѓа до допир на вашиот прст и само вие ќе може да го отклучите, со што се гарантира врвна безбедност.

Sony Xperia Z5 располага и со рекордната 23 мегапикселна камера со Exmor RS сензор и го има најбрзиот автофокус од 0.03 секунди, а хардверската моќ ја обезбедува осум-јадрениот Snapdragon 810 процесор.

Инаку официјалната премиера на Џејмс Бонд: Спектра е закажана за утре кога ќе се прикажува во кино салите на Синеплекс, а сите производите на Sony во Македонија може да ги најдете во официјалниот партнер Галерија. 

Автор: Aleksandar Stankov