Google најде ортаци за битка со Microsoft

Објавено на 05.11.2015 во Новости



Google најде ортаци за битка со Microsoft

Директорите на најголемите технолошки компании можеби ги прекинаа војните за патенти со долги и непотребни судски спорови, но затоа пак ја заострија маркетинг војната и натрпреварот во продажбата. Google исто така ќе ги ангажира своите партнери кои го изработуваат Chromebook за напади против PC естаблишментот на Microsoft, а нема да биде поштеден ниту Mac на Apple.

Интересно е што Google е релативно нов бренд во десктоп индустријата и нивниот оперативен систем Chrome OS не е перфектен бидејќи од корисникот бара постојана интернет конекција за работа со апликациите, но затоа пак е евтин, лесно достапен и има многу модерни сервиси. 

Сепак, на сите им е јасно дека Microsoft е жешкиот бренд оваа година најмногу поради одличниот Windows 10 кој сите го сакаат, па затоа и PC партнерите како HP, Asus, Intel, Lenovo и останатите ќе водат жестока битка со Samsung и Acer.





Прочитајте повеќе: