Rufus Cuff е фасцинантен повеќенаменски таблет

Објавено на 05.11.2015 во Новости



Rufus Cuff е фасцинантен повеќенаменски таблет

Rufus Cuff изгледа како смартчасовник, но тој е уред многу повеќе од тоа. Всушност, се работи за мал таблет, кој може да се носи на рачниот зглоб како часовник и може да замени смартфон. 

Таблетот има дисплеј со големина од 3,2 инчи, TI Cortex A9 процесор, мала предна камера, GPS, Wi-Fi поврзување, батерија со скромен капацитет од 1.175 mAh и оперативен систем Android KitKat. Тој може да се поврзува со Android и iOS телефони, а преку Wi-Fi мрежа може да функционира независно од другите уреди и да го поврзете на интернет. Креаторот на Rufus Cuff Гејб Грифони вели дека таблетот ќе привлече големо внимание, затоа што корисниците сакаат да дојдат до многу информации само со едно помрднување на раката.

The Rufus Cuff from rufuslabs on Vimeo.

Грифон смета дека неговиот изум е револуционерен и има за цел да ги испрати смартфоните во историјата. Ние искрено веруваме во тоа, затоа што уредот е повеќенаменски и визуелно е интересен и практичен за користење. Почетната цена на Rufus Cuff е 249 долари, зависно од количината на меморијата со која што доаѓа - 16, 32 и 64GB внатрешна меморија. Искрено, Rufus Cuff нас не фасцинираше со оглед на неговата практичност, како ви се допаѓа вам?