Првата реклама за HTC One A9 делува инспирирачки

Објавено на 06.11.2015 во Новости



Првата реклама за HTC One A9 делува инспирирачки

HTC полека сака да ја врати страста кај верните фанови кои пред само две години имаа голема доверба во овој бренд но, бројните проблеми на компанијата водеа кон неуспеси. Сега со HTC One A9 сакаат да започнат од ново со тоа што прават мали, но храбри чекори. Во првата долга реклама за HTC One A9 има одлични пораки како „Бидете поинакви“, „Бидете смели“ и „Бидете брилијантни“. 

Рекламата следи токму таков, млад и динамичен човек кој сака предизвици, опкружен со униформност доминирана од Apple и Samsung, додека пак HTC One A9 може да биде вистинскиот избор за креативните и храбрите корисници, погледнете па кажете што мислите за новата кампања на HTC.