Luma Wi-Fi рутерот језиво знае кој се што прави на домашната мрежа

Објавено на 06.11.2015 во Новости



Luma Wi-Fi рутерот језиво знае кој се што прави на домашната мрежа

Luma Wi-Fi рутерот е супер квалитетен бидејќи има силен сигнал кој ги покрива сите точки во куќата и ако живеете во голем простор ќе имате интернет прием во било кое ќоше, но тука завршува корисноста и започнува нарушувањето на приватноста. 

Со посебната апликација за управување на Luma Wi-Fi рутерот ќе може да видите кој се е приклучен на мрежата, како и да имате увид кои страни ги посетува на серверот, но секако без приказ на содржините. 

Така ќе знаете кој во вашиот дом е на Facebook, но на пример не може да им ги видите пораките. Сепак, станува збор за големо нарушување на приватноста и Luma можеби ќе ја користат родителите кои премногу си ги контролираат децата или љубоморните сопружници.

Автор: Aleksandar Stankov