Moto X Force има навистина неуништив дисплеј

Објавено на 06.11.2015 во Новости



Moto X Force има навистина неуништив дисплеј

Производителите обично ги пумпаат своите понуди со спецификациите, тврдејќи дека нивните модели се отпорни на удари, вода и сешто. Во пракса излегува дека сите овие карактеристики се невистинити. Така екипата од The Next Web сега одлучила да ја тестира издржливоста на Motorola X Force.

Motorola Droid Turbo 2 е всушност името на истиот телефон во САД, додека кај нас и во остатокот од светот е Motorola Moto X Force. Производителот тврди дека смартфонот е речиси неуништив. Погледнете на видеото одозгора како се тестира и на дело се потврдува дека телефонот е навистина неуништив. Можете дури и да се одбраните со него ако ве нападне некој.