LG Zero е новиот металец за Европа со многу ниска цена

Објавено на 07.11.2015 во Новости



LG Zero е новиот металец за Европа со многу ниска цена

LG го лансираше LG Zero кој всушност е интернационалната верзија на металниот смартфон LG Class кој претходно беше пуштен во Република Кореја и како што очекувавме редно е да добие и целосен пласман. LG Zero доаѓа со солидно тело од метални компоненти со цена од околу 300 евра со отклучена СИМ картичка.

LG Zero има 5 инчен 720p HD дисплеј, работи со четири-јадрен Snapdragon 410 процесор, 1.5 GB RAM, 13 мегапикселна главна камера, 4G конекција, батерија со капацитет од 2050 mAh и Android 5.1 Lollipop оперативен систем. LG Zero наскоро очекуваме да се најде во понудата на повеќе европски оператори.

Автор: Aleksandar Stankov