Xiaomi Mi Band 1S - Смарт алка за само 15 долари
Објавено на 07.11.2015 во Смарт часовници
Xiaomi се впушти во пазарот на смарт алки пред една година, а сега со сосема нова понуда го засилува присуството со Xiaomi Mi Band 1S која чини само 15 долари.
Од Xiaomi Mi Band 1S како и од повеќето смарт алки може да очекувате да биде одличен додаток за фитнес активности со следење на работата на срцето и пулсот, мерење на чекорите, потрошените калории и може да се користи под вода во рок од 30 минути.
Xiaomi Mi Band 1S има дебелина од 9.9 милиметри и тежи 5.5 грама, изработена е од мека пластика со што лесно може да се носи на раката и нуди повеќе стилски изрази. Xiaomi Mi Band 1S може да се поврзе со смартфон преку Bluetooth за следење на сите активности и на 11 ноември.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.