HTC One X9 за прв пат се појавува со ултра моќ

Објавено на 07.11.2015 во Новости



HTC One X9 за прв пат се појавува со ултра моќ

HTC најверојатно брзо ќе ги засука ракавите и ќе се посвети на новиот премиум смартфон HTC One X9 кој треба да го освои пазарот и да ја врати вербата во фановите. HTC One X9 е почетното име за следната генерација на топ уред кој ќе има 23 мегапикселна камера и 5.5 инчен Quad HD дисплеј.

HTC долго време применува метални компоненти во дизајнот, па најверојатно така и ќе продолжи но, HTC One X9 потребно е да донесе некаква свежина во изгледот и естетиката што ќе го одвојат од iPhone 6s и Galaxy S6. 

За хардверот на HTC One X9 ќе биде искористен осум-јадрен Snapdragon 820 процесор, 4 GB RAM, 64 GB меморија, како и батерија со капацитет од 3500 mAh.

Оваа екстра моќна конфигурација ја очекуваме на почетокот на 2016-та во идеално време за HTC One X9 да настапи пред Samsung Galaxy S7.