Google убива уште една смартфон програма, доста е од Android One

Објавено на 08.11.2015 во Новости



Google убива уште една смартфон програма, доста е од Android One

Google очигледно нема среќа со продажбата и пласманот на мобилни телефони ниту во премиум ниту во евтините класа, па затоа ќе биде принуден да „убие“ уште скапа програма која нема никакви значителни резултати. Затоа Google донел одлука со партнерите со кои досега соработуваше на евтините смартфони во Африка, Азија и дел од Европа да ги прекинат своите серии на Android One уреди. 

Android One програмата ќе продолжи да постои но, практично целосно изменета и без никаква цел. Партнерите на Google ќе може да набавуваат компоненти од било кој без оглед дали е на листата на сертифицирани добавувачи и надградбите на софтверот нема да се вршат преку системот на Google, туку преку производителите со што слободно може да се каже дека Android One е мртов.