Доаѓа нов модел на LG G4 со безжично полнење

Објавено на 09.11.2015 во Новости



Доаѓа нов модел на LG G4 со безжично полнење

LG Mobile регистрираше нов модел на LG G4 преку американската агенција FCC за кој се открива само дека ќе располага со нов метод на безжично полнење што е одличен додаток за тие кои не сакаат да се плеткаат со кабли. Новата верзија на LG G4 треба да пристигне наскоро, но за жал повеќе детали за спецификациите не се познати. 

Доколку одиме по линијата на LG G4 тогаш може да очекувате исто така Quad HD дисплеј, 16 мегапикселна камера, а зошто да не и нов процесор кој ќе го замени шест-јадрениот Snapdragon 808.