Tag Heurer Connected - Најголем луксуз со Android

Објавено на 10.11.2015 во Смарт часовници



Tag Heurer Connected - Најголем луксуз со Android

Елитниот бренд Tag Heurer за прв пат лансираше смарт часовник иако на почетокот велеше дека Apple нема шанси да го наруши традиционалниот пазар. Затоа следува одговор со Tag Heurer Connected како првиот Android смарт часовник од луксузната класа чија почетна цена ќе изнесува неверојатни 1500 долари, што за пасионираните колекционери сигурно и нема да биде голем проблем за да се плати.

Во изработката учествуваа и главните ривали на Apple како Google и Intel со своја визија и технологија, па затоа Tag Heurer Connected ги има сите потребни состојки со 1.5 инчен LTPS LCD дисплеј, 1 GB RAM, 4GB меморија и батеријa со капацитет од 410 mAh. Часовникот има IP67 сертификат за заштита од вода и може да се поврзе и со Android и iOs преку Bluetooth.