WordPress зафаќа 25% од веб просторот

Објавено на 10.11.2015 во Новости



WordPress зафаќа 25% од веб просторот

Изработката и одржувањето на веб-страници веќе станаа едноставни и лесно пристапни откако се појави таканаречениот CMS (Content Management System) систем, односно систем за самостојно управување со содржините на веб-страниците. Најпопуларен CMS на светот е WordPress, бидејќи според деталната статистика објавена на W3Techs, WordPress моментално зафаќа 58,7% од сите CMS системи. 

Фасцинантен е и податокот дека една четвртина од сите веб страници достапни на интернет, 25% се на WordPress. Во оваа статистика не влегуваат веб-страниците што се наоѓаат на "dark web" или "deep web", веќе само веб страниците што се легални и јавно достапни. На второ место од сите CMS-ови е популарната Joomla, додека на трето место е Drupal. Интересно е што дури 57,4% од сите веб страници се уште не користат CMS. WordPress пред четири години држеше само 13,1% од пазарот на CMS, но сега веќе е двојно поголем.