Facebook ќе плаќа казна оти го следи секој ваш чекор

Објавено на 10.11.2015 во Новости



Facebook ќе плаќа казна оти го следи секој ваш чекор

Facebook има наредба од белгискиот суд да прекине со следењето на корисниците на интернет во рок од 48 часа. Социјалната мрежа на Марк Цукерберг нема законско право и не смее да ги следи корисниците што немаат ниту профил на Facebook.

Facebook има 48 часа на располагање. Во спротивно, ќе плаќа казна од 250.000 евра дневно“, гласи официјалното соопштение на судот во Белгија. 

Белгиската Комисија за заштита на личните податоци (BPC) поднела тужба против Facebook во јуни годинава, поради непочитување на приватноста на корисниците на интернет, кои дури и немаат креирано профил на социјалната платформа. Facebook едноставно ги отфрла обвинувањата како неосновани, но ако добие казна, ќе мора да плаќа пенали.