Facebook Messenger ќе ве потсети да им ги испратите сликите на пријателите
Објавено на 10.11.2015 во Новости
Facebook Messenger добива нова функција Photo Magicсо која ќе ве потсетува да им ги испратите сликите на пријателите користејќи го софтверот за препознавање на лица. Често се случува да направите голем број на фотографии од некоја дружба, но да не им ги испратите на сите или пак да ги објавите на социјалните мрежи. Photo Magic не е задолжителна и ако сметате дека нотификациите не ви се потребно може да ја деактивирате.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.