Тим Кук: „Зошто уште да купуваме компјутери?“

Објавено на 11.11.2015 во Новости



Тим Кук: „Зошто уште да купуваме компјутери?“

Стив Џобс најави крај на компјутерската ера уште кога го најави првиот iPad на почетокот на оваа деценија. Генијалецот рече дека таблетите полека ги заменуваат личните компјутери, а повеќето важни нешта како што се сурфање, раководење со мејлови, социјални мрежи и видеа, ќе ги извршуваме преку нашите мобилни уреди. 

Ситуацијата сепак се промени во последно време, бидејќи големата побарувачка за iPad значително опаѓа од месец до месец. Apple ќе се обиде да го спаси својот iPad со новиот Pro модел, кој оваа недела излегува во продажба.

По повод новиот таблет на Apple, Тим Кук разговарал со новинарите и рекол дека со iPad Pro луѓето веќе нема да имаат потреба од лични компјутери. 

„Зошто уште да купуваме компјутери?“, се запрашал Тим Кук, тврдејќи дека кога еднаш човек ќе го испроба iPad Pro, нема да му биде потребен ниту еден друг уред, освен телефон. 

Новиот iPad доаѓа со дисплеј од 12,9 инчи и може да се поврзе со тастатура, кој на пазарот директно им конкурира на Microsoft Surface уредите – Surface Pro 4 и Surface Book. Што мислите вие за новиот iPad Pro?