iPad Pro стартуван со специјални апликации во App Store

Објавено на 13.11.2015 во Новости



iPad Pro стартуван со специјални апликации во App Store

Apple ja стартуваше продажбата на најголемиот таблет iPad Pro кој со сите сили го промовира како замена за лаптоп и PC бидејќи може да се поврзе со голем број на интернет сервиси, нуди дополнителна физичка тастатура и функционално пенкало, па затоа ги истакнува и специјализирани апликации кои нудат поголем степен на мултитасктинг.

Апликациите за iPad Pro се издвоени во App Store, но ќе биде потребно многу повеќе убедувања за функционалноста на таблетот кој има повеќе ограничувања за да се нарече замена за лаптоп особено што нема голем број на ефикасни апликации кои ќе го надоместат десктоп искуството. Почетната цена на iPad Pro изнесува 799 долари, а сите додатоци се доплаќаат, што значи дека е прилично скапа инвестиција.
 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: