Полицијата стопирала Google автомобил - возел пребавно

Објавено на 13.11.2015 во Новости



Полицијата стопирала Google автомобил - возел пребавно

Најголемото прашање за автономните автомобили е кој ќе ја сноси одговорноста за сообраќајните несреќи и материјалната штета доколку дојде до таква ситуација. Но, после оваа ситуација со автомобилот на Googlе, се прашуваме дали автомобилите ќе застануваат кога полицијата ќе стопира? На интернет се појави фотографија на која полицаецот стопирал тестен автомобил на Google, затоа што возел премногу бавно. 

Брзината на прототиповите на овие автомобили е ограничена на само 40 км/ч, поради што полицаецот ја запрел колата за да ја предупреди. Со оглед на тоа што автомобилите на Google имаат дозвола за сообраќање во зоните каде што ограничувањето на брзината е до 56 км/ч, немало потреба од казна. Google коментирал дека неговите автомобили досега возеле околу 1,2 милиони милји и никогаш не биле казнети.