Facebook Safety Check се активираше за лицата затечени во Париз

Објавено на 14.11.2015 во Новости



Facebook Safety Check се активираше за лицата затечени во Париз

По терористичките напади во Париз, Facebook  ја активираше својата опција ,,Safety Check” . Со помош на оваа опција оние кои се наоѓаат во француската престолнина, ќе можат на своите сакани да им дадат до знаење дали се на сигурно.

Принципот на кој функционира оваа опција е прилично едноставен. Сите оние кои се наоѓаат недалеку од местата на кои се одвиваа терористичките напади апликацијата автоматски ќе ги праша дали се наоѓаат на сигурно, а потоа ќе ги информира нивните пријатели на Facebook дека се добро.

Корисниците исто така преку оваа опција ќе можат да проверат како се нивните пријатели кои моментално се наоѓаат во Париз.

Facebook прв пат оваа апликација ја претстави во јавноста минатиот октомври, а нејзината цел е да ги извести членовите на семејството и пријателите дали сме добро во случај на природна катастрофа. Апликацијата е развиена уште од 2011 година, кога во Јапонија се случија три катастрофи една по друга: земјотрес, цунами, и експлозија на нуклеарната електрана Фукушима.

Извор: pozitiv.mk