Видео: И Apple не е имун на вработени расисти

Објавено на 15.11.2015 во Новости



Видео: И Apple не е имун на вработени расисти

Apple си го навлече гневот на јавноста откако нивен вработен во продавница во Мелбурн имаше прилично паничен расистички напад и од обезбедувањето побара помош за да им каже дека мора да го напуштат објектот бидејќи се плаши да не украдат нешто. 

Средношколците кои се црнци очигледно е дека носат училишни униформи, но ништо не ги убеди вработените во продавницата да ги избркаат. Откако изби скандалот за расизам Apple можеше само да се извини и непримерните вработени да ги обучи за поголема толеранција и вклученост на купувачите.

„Тоа што луѓето го слушнаа на видеото воопшто не ги преставува вредностите кои ги застапува Apple и ваквото однесување е навистина неприфатливо, па никој од нас не е среќен како ситуацијата беше спроведена“, изјави Тим Кук директорот на Apple обидувајќи се да се извини за инцидентот и да се увери дека нема никаде да се повтори.
 





Прочитајте повеќе: