Терористите во Париз се координирале преку PlayStation 4 !?

Објавено на 15.11.2015 во Новости



Терористите во Париз се координирале преку PlayStation 4 !?

По страшните терористички напади во Париз во кои животите ги изгубија 127 лица, а 300 беа повредени француските власти прават обемна истрага како терористите испратени од ИСИС ги координирале акциите и плановите за масaкрот. 

Во рација во Брисел каде се сомничи група на јатаци на терористите најсомнителен на истражните органи им е конзолата PlayStation 4 за која претпоставуваат дека може да се користела за комуникација бидејќи тајните служби тешко може да ги следат гласовните пораки. Исто така во самите игри на внатрешниот чат може да се остават пораки кои тешко се пробиваат, па затоа властите ќе истражуваат на која мрежа комуницирале терористите. 

ЦИА има ангажирано и агенти кои се прикриени на најголемите гејмерски франшизи како Warcraft и Call of Duty со цел да следат потенцијални закани од терористи.