Cyanogen вети смартфон за 75 долари со солидни перформанси

Објавено на 16.11.2015 во Новости



Cyanogen вети смартфон за 75 долари со солидни перформанси

„Бунтовниците“ од Cyanogen ветија дека наскоро ќе лансираат квалитетен смартфон за само 75 долари кој ќе работи на кустумизиран софтвер базиран на Android 6.0 Marshmallow и ќе ја користат платформата на Google за додавање на свои алатки. За хардверот Cyanogen ќе соработува со повеќе производители и првите супер евтини смартфони може да ги очекуваме наредната година. 

Оваа програма на Cyanogen всушност треба да биде замена за Android One бидејќи Goolge виде дека нема ќар и одлучи на своите парнери да им даде целосна слобода во креирањето на хардверот и софтверот на евтините смартфони.





Прочитајте повеќе: