Audify ќе ви ги чита известувањата на глас
Објавено на 16.11.2015 во Android
Audify е апликација чија цел е секогаш навремено да ги добиете сите известувања и да не пропуштите ниту една важна порака. Audify ги чита сите нотификации кои ќе пристигнат на глас и на тој начин сигурно ќе ги забележите. Мал проблем со оваа опција е кога телефонот ви е на тивок режим, но тогаш на стандарден начин ќе проверите што е ново.
Бенефит од апликацијата имате додека возите и со гласовните известувања нема да ви се попречува концетрацијата за гледање во екранот на телефонот. Audify е бесплатна за Android и може да се превземе од Play Store,
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.