Fallout 4 е игра на годината - Милијарда заработка за еден викенд

Објавено на 16.11.2015 во Игри



Fallout 4 е игра на годината - Милијарда заработка за еден викенд

Долго очекуваното четврто продолжение на пост-апокалиптичната акција Fallout го превзеде приматот игра на годината и успеаа да го симне од врвот Call of Duty: Black Ops 3 со неверојатна заработка од една милијарда долари за период од само еден викенд на продажба.

Fallout 4 има импресивна приказна со алтернативна иднина во која нуклеарните сили во 50-тите години ја оствариле заканата за масовна војна и тотално уништување, а сега светот стотина години подоцна е преплавен со различни фракции на убијци, чудовиште, хемиски и биолошки експерименти и многу изненадувања.

 

Што мислите вие за Fallout 4, дали го заслужува огромното внимание кое го добива и која друга игра оваа година може да и се спротистави со квалитетна приказна и напреден гејмплеј.