LG G5 конечно ќе понуди целосно метално тело

Објавено на 17.11.2015 во Новости



LG G5 конечно ќе понуди целосно метално тело

LG Mobile се уште не се решил да ја замени пластиката во своите премиум уреди кои да бидеме искрени сосема квалитетно се изработени и имаат топ дизајн, но фановите секогаш се прашуваат што би било кога би било.

Токму затоа со LG G5 конечно треба да го добиеме одговорот како ќе изгледа дизајнот со тело целосно изработено од метал што ќе допринесе за неговата цврстина, елеганција и естетика. 

Промоцијата на LG G5 се шпекулира дека ќе се поклопи со пласманот на Galaxy S7 во првиот квартал од следната година и овие два смартфони ќе ја водат почетната трка зза превласт.