Meitu V4 - Мерак за селфи фанатици со 21 мегапикселна камера

Објавено на 17.11.2015 во Новости



Meitu V4 - Мерак за селфи фанатици со 21 мегапикселна камера

Meitu V4 сигурно со самото име на брендот нема воопшто да го привлече вашето внимание, но затоа пак ќе ви направи огромен мерак ако сте зависници од селфи фотки со предната камера која има рекордни 21 мегапиксели. 

На официјалното претставување Meitu V4 беше откриен со 5 инчен Full HD дисплеј, осум-јадрен MediaTek MT6795 процесор, 3 GB RAM, дарежливи 64 GB меморија, главна камера исто така со сензор од 21 мегапиксели, Android 5.1 оперативен систем и батерија со капацитет од 3000 mah.

Привлечноста на Meitu V4 лежи и во неговиот метален дизајн со многу тенко тело, додека пак цената од 550 долари е единствена поголема пречка да се најде во рацете на многумина, бидејќи овој бренд се уште е релативно анонимен и можел да започне нешто поскромно. Сепак, за тие што сакаат идеални селфи фотки може да биде солиден избор.