Оксфорд официјално одбра емотикон, наместо збор на годината

Објавено на 18.11.2015 во Новости



Оксфорд официјално одбра емотикон, наместо збор на годината

Наместо збор на годината, Оксфордскиот речник одбра емотикон во 2015. Всушност, се работи за вистински емотикон, а не збор - смајли што плаче од смеење. 

Најпознатиот речник на светот официјално ја објави својата одлука на социјалната мрежа Twitter.  Креаторите на Оксфордскиот речник изјавуваат дека ова е прв пат пиктограм да биде избран за збор на годината. Пиктограмот не е збор, туку симбол што означува одредени зборови. Оксфорд вели дека го одбрал овој емотикон, затоа што најдобро го објаснува позитивното расположение, преокупацијата и етиката за 2015 година. Како ви се чини вам ова отскокнување на Оксфорд?