Уште еден HTC One M9 смартфон, лекцијата не е научена

Објавено на 18.11.2015 во Новости



Уште еден HTC One M9 смартфон, лекцијата не е научена

HTC продолжува упорно да тоне во сопствената каша од десетина верзии на HTC One M9 чиј бренд и углед тотално е потонат, па ниту новиот M9s нема да помогне во негово враќање на врвот. Наместо HTC да мисли на нова генерација на смартфони во премиум класата само го разводнува своето портфолио со безброј комбинации на големини на екранот, различни резолуции и процесори.

Доколку ве интересира HTC One M9s располага со 5 инчен Full HD дисплеј, работи со осум-јадрен Mediatek Helio X10 процесор, скромни 2 GB RAM и 16 GB меморија, 13 мегапикселна камера со OIS, 4 ултрапиксел селфи камера, a ќе се продава по цена од околу 400 долари.