Skully AR-1 - Прв Smart Helmet за моторциклисти

Објавено на 18.11.2015 во Новости



Skully AR-1 - Прв Smart Helmet за моторциклисти

Skully AR-1 е најавен како првиот Smart Helmet кој на моторциклистите ќе им донесе огромна прегледност на патот со камера на задната страна и heads up display кој во полето на видливост прикажува голем број на информации, а притоа не го одзема вниманието на возачот.

Паметната кација Skully AR-1 ја зголемува безбедноста со преглед од сите агли на патот, а прикажува и GPS навигација на мапи, како и на повици и пораки со поврзување преку смартфонот. 

Во дизајнирањето на Skully AR-1 учестувале професионални мото тркачи и неговата ергономија и удобност е направена на највисоко ниво, па исто така е одличен и заштита од удари. Кацигата Skully AR-1 може да се резервира преку сајтот на Skully и ќе чини 1499 долари.