Volvo го претстави компјутеризираниот Concept 26

Објавено на 19.11.2015 во Новости



Volvo го претстави компјутеризираниот Concept 26

Автомобилската индустрија се фокусира на самоуправувачки возила како идна технологија, кои целосно ќе го променат искуството со нашите автомобили. Наместо луѓе, компјутери ќе управуваат со нашите возила, а ние удобно ќе седиме на нашето комфорно седиште како на фотелја. Престижната автомобилска компанија Volvo ја претставила својата визија за амбиентот во возилото, „Concept 26“, на саемот во Лос Анџелес. 

Истражувањето на Volvo покажало дека просечното време што луѓето го поминуваат во автомобилот додека да стигнат на работа е 26 минути, па затоа и го крстила овој проект „Concept 26“, при што повеќето возачи немаат сопатници кога одат на работа. Компанијата вели дека самоуправувачките возила на почетокот ќе имаат волани за да може да се презема контролата врз нив, но потоа најверојатно нема да постојат.

Concept 26 вклучува три начини за подесување на внатрешноста на автомобилот - првиот е нормален начин на возење, со кој возачот управува нормално како и во моментот со традиционалните автомобили, со волан. Вториот „Create“ начин е со поместување на воланот напред, задното седиште кон назад, а на местото на командниот панел на средината, излегува екран со дијагонала од 25 инчи, наменет за корисниците да го поврзуваат телефонот и таблетот со автомобилот и  така да си пуштаат музика, филмов или натпревари додека возат. Со третиот „Relax“ модул седиштето дополнително се спушта, така што возачот ќе може опуштено да си лежи, да гледа ТВ или само да се одмара. Како ви се чини Concept 26 на Volvo?